Галатјаните 2 MK2006D

Сложност во Ерусалим. Единство на Црквата и христијанска слобода

1 И четиринаесет години подоцна пак се искачив во Ерусалим со Вар­нава, а го зедов со себе и Тит.

2 Влегов по откровение и им го из­ло­жив на верните, посебно на највидните, Евангелието што го проповедам кај незнабошците, за да не трчам или за да не трчав попусто.

3 Па дури ни Тит, кој беше со мене, иако Елин, не беше принуден да се обрезе,

4 и тоа заради лажните браќа, кои дојдоа и се вовлекоа да ја гледаат нашата слобода, која ја имаме во Христос Исус, за да нѐ поробат,

5 ним ни за час не им дозволивме да нѐ покорат, за да остане во вас вистината на Евангелието.

6 А, пак, оние за кои се мисли дека значат нешто – какви и да биле тие некогаш, мене ми е сеедно, Бог не го гледа човекот по лице – тие ништо не ми дадоа.

7 Туку, напротив, кога видоа дека мене ми е доверено да го проповедам Евангелието на необрезаните, како на Петар – на обрезаните,

8 зашто Оној, Кој дејствуваше врз Пе­тар да врши апостолска служба меѓу обрезаните, дејствуваше и врз мене за апостолска служба меѓу незнабошците

9 и кога ја познаа благодатта што ми е дадена, Јаков, Кифа и Јован, кои беа сметани за столбови, ни ја подадоа мене и на Варнава раката за заедништво и се согласија ние да одиме кај нез­на­бош­ци­те, а тие – кај обрезаните.

10 Посакаа само да ги помниме сиромасите, за што се погрижив и точно да го исполнам.

Недоразбирање во Антиохија. Вистината на Евангелието и благодатта на верата

11 А кога дојде Кифа во Антиохија, јас лично му се спротивставив, зашто беше заслужил осудување.

12 Имено, пред да пристигнат некои од Јаков, тој јадеше заедно со незна­бошците; а кога дојдоа, почна да се снебива и да се двои, бидејќи се пла­ше­ше од обрезаните.

13 Заедно со него лицемереа и другите Јудејци, така што со нивното лицеме­рие беше заведен дури и Варнава.

14 А кога видов дека тие не постапува­ат точно според Евангелската вистина, му реков на Кифа пред сите: „Кога ти, кој си Јудеец, живееш како незнабошците, а не како Јудејците, зошто тогаш незнабошците ги принудуваш да жи­веат јудејски?“

15 Ние сме родени како Јудејци, а не грешници од незнабошците.

16 Но знаеме дека човекот не се оправдува преку делата на Законот, ту­ку само преку верата во Христос Исус. Затоа и ние поверувавме во Исус Христос, за да се оправдаме преку ве­ра­та во Христа, а не преку делата на За­конот; зашто преку делата на Законот нема никој да се оправда.

17 Ако, пак, барајќи да се оправдаме во Христос, и сами се најдовме грешници, не е ли тогаш Христос слуга на гре­вот? Тоа никако!

18 Зашто, ако одново го градам она што сум го урнал, тогаш и сам станувам престапник;

19 преку Законот умрев за Законот, за да живеам за Бога. Се распнав заедно со Христос;

20 и јас веќе не живеам, туку Христос живее во мене. А тоа што сега живеам во тело, живеам со верата во Синот Божји, Кој ме возљуби и Себе се пре­даде за мене.

21 Не ја отфрлам благодатта Божја; зашто ако праведноста се придобива преку Законот, тогаш Христос залудо умрел.

поглавја

1 2 3 4 5 6