16 Но знаеме дека човекот не се оправдува преку делата на Законот, туку само преку верата во Христос Исус. Затоа и ние поверувавме во Исус Христос, за да се оправдаме преку верата во Христа, а не преку делата на Законот; зашто преку делата на Законот нема никој да се оправда.