13 Заедно со него лицемереа и другите Јудејци, така што со нивното лицемерие беше заведен дури и Варнава.
14 А кога видов дека тие не постапуваат точно според Евангелската вистина, му реков на Кифа пред сите: „Кога ти, кој си Јудеец, живееш како незнабошците, а не како Јудејците, зошто тогаш незнабошците ги принудуваш да живеат јудејски?“
15 Ние сме родени како Јудејци, а не грешници од незнабошците.
16 Но знаеме дека човекот не се оправдува преку делата на Законот, туку само преку верата во Христос Исус. Затоа и ние поверувавме во Исус Христос, за да се оправдаме преку верата во Христа, а не преку делата на Законот; зашто преку делата на Законот нема никој да се оправда.
17 Ако, пак, барајќи да се оправдаме во Христос, и сами се најдовме грешници, не е ли тогаш Христос слуга на гревот? Тоа никако!
18 Зашто, ако одново го градам она што сум го урнал, тогаш и сам станувам престапник;
19 преку Законот умрев за Законот, за да живеам за Бога. Се распнав заедно со Христос;