18 А три години подоцна отидов во Ерусалим за да се видам со Кифа, и останав кај него петнаесет дена.
19 А, пак, од апостолите не видов никој друг, освен Јаков, братот Господов.
20 А за она што ви пишувам, еве, пред Бога велам дека не лажам.
21 А потоа дојдов во земјите Сириски и Киликиски.
22 На Христовите цркви во Јудеја лично не им бев познат,
23 туку само беа слушале дека оној, кој некогаш нив ги гонел, сега ја проповеда верата што порано ја разорувал.
24 И Го прославуваа Бога за мене.