1 И четиринаесет години подоцна пак се искачив во Ерусалим со Варнава, а го зедов со себе и Тит.
2 Влегов по откровение и им го изложив на верните, посебно на највидните, Евангелието што го проповедам кај незнабошците, за да не трчам или за да не трчав попусто.
3 Па дури ни Тит, кој беше со мене, иако Елин, не беше принуден да се обрезе,
4 и тоа заради лажните браќа, кои дојдоа и се вовлекоа да ја гледаат нашата слобода, која ја имаме во Христос Исус, за да нѐ поробат,
5 ним ни за час не им дозволивме да нѐ покорат, за да остане во вас вистината на Евангелието.
6 А, пак, оние за кои се мисли дека значат нешто – какви и да биле тие некогаш, мене ми е сеедно, Бог не го гледа човекот по лице – тие ништо не ми дадоа.