18 Зашто, ако одново го градам она што сум го урнал, тогаш и сам станувам престапник;
19 преку Законот умрев за Законот, за да живеам за Бога. Се распнав заедно со Христос;
20 и јас веќе не живеам, туку Христос живее во мене. А тоа што сега живеам во тело, живеам со верата во Синот Божји, Кој ме возљуби и Себе се предаде за мене.
21 Не ја отфрлам благодатта Божја; зашто ако праведноста се придобива преку Законот, тогаш Христос залудо умрел.