5 ним ни за час не им дозволивме да нѐ покорат, за да остане во вас вистината на Евангелието.
6 А, пак, оние за кои се мисли дека значат нешто – какви и да биле тие некогаш, мене ми е сеедно, Бог не го гледа човекот по лице – тие ништо не ми дадоа.
7 Туку, напротив, кога видоа дека мене ми е доверено да го проповедам Евангелието на необрезаните, како на Петар – на обрезаните,
8 зашто Оној, Кој дејствуваше врз Петар да врши апостолска служба меѓу обрезаните, дејствуваше и врз мене за апостолска служба меѓу незнабошците
9 и кога ја познаа благодатта што ми е дадена, Јаков, Кифа и Јован, кои беа сметани за столбови, ни ја подадоа мене и на Варнава раката за заедништво и се согласија ние да одиме кај незнабошците, а тие – кај обрезаните.
10 Посакаа само да ги помниме сиромасите, за што се погрижив и точно да го исполнам.
11 А кога дојде Кифа во Антиохија, јас лично му се спротивставив, зашто беше заслужил осудување.