9 и кога ја познаа благодатта што ми е дадена, Јаков, Кифа и Јован, кои беа сметани за столбови, ни ја подадоа мене и на Варнава раката за заедништво и се согласија ние да одиме кај незнабошците, а тие – кај обрезаните.
10 Посакаа само да ги помниме сиромасите, за што се погрижив и точно да го исполнам.
11 А кога дојде Кифа во Антиохија, јас лично му се спротивставив, зашто беше заслужил осудување.
12 Имено, пред да пристигнат некои од Јаков, тој јадеше заедно со незнабошците; а кога дојдоа, почна да се снебива и да се двои, бидејќи се плашеше од обрезаните.
13 Заедно со него лицемереа и другите Јудејци, така што со нивното лицемерие беше заведен дури и Варнава.
14 А кога видов дека тие не постапуваат точно според Евангелската вистина, му реков на Кифа пред сите: „Кога ти, кој си Јудеец, живееш како незнабошците, а не како Јудејците, зошто тогаш незнабошците ги принудуваш да живеат јудејски?“
15 Ние сме родени како Јудејци, а не грешници од незнабошците.