Галатјаните 3:12-18 MK2006D

12 А Законот не е од верата, туку збо­рува: „Кој ќе ги исполни овие работи, тој ќе биде жив преку нив.“

13 Христос нѐ откупи од проклетството на Законот, откако поради нас стана проклетство, бидејќи е напишано: „Секој да е проклет што виси на дрво!“,

14 така што благословот даден на Ав­раам да дојде преку Исус Христос врз незнабошците, за да Го добиеме ветени­от Дух преку верата.

15 Браќа, зборувам како човек: и утврдениот човечки завет никој веќе не го растура ниту му додава нешто.

16 Но ветувањата му беа дадени на Авраам и на семето негово. Не е ре­че­но: „И на семињата“, како за мнозина, туку како за еден: „И на семето твое“, кое е Христос.

17 Ова сакам да го кажам: Заветот што Бог го даде не може да биде обез­вреден од Законот, кој е настанат че­ти­ристотини и триесет години подоцна, така што ветувањето би можело да ја изгуби силата.

18 Зашто, ако наследството е добиено по Законот, тоа веќе не е според ветува­њето; а на Авраам Бог му го дари по ве­тување.