15 Браќа, зборувам како човек: и утврдениот човечки завет никој веќе не го растура ниту му додава нешто.
16 Но ветувањата му беа дадени на Авраам и на семето негово. Не е речено: „И на семињата“, како за мнозина, туку како за еден: „И на семето твое“, кое е Христос.
17 Ова сакам да го кажам: Заветот што Бог го даде не може да биде обезвреден од Законот, кој е настанат четиристотини и триесет години подоцна, така што ветувањето би можело да ја изгуби силата.
18 Зашто, ако наследството е добиено по Законот, тоа веќе не е според ветувањето; а на Авраам Бог му го дари по ветување.
19 Зошто е, пак, даден Законот? Тој е додаден поради престапите, додека не дојде семето, на кое се однесува ветувањето, и е предаден преку ангели, преку рака на посредник.
20 Но посредникот не може да биде само посредник на еден, а Бог е еден.
21 Па така, Законот противен ли е на Божјите ветувања? Никако! Зашто, ако беше даден закон, што ќе можеше да животвори, тогаш навистина оправданието ќе произлегуваше од Законот.