19 Зошто е, пак, даден Законот? Тој е додаден поради престапите, додека не дојде семето, на кое се однесува ветувањето, и е предаден преку ангели, преку рака на посредник.
20 Но посредникот не може да биде само посредник на еден, а Бог е еден.
21 Па така, Законот противен ли е на Божјите ветувања? Никако! Зашто, ако беше даден закон, што ќе можеше да животвори, тогаш навистина оправданието ќе произлегуваше од Законот.
22 Но Писмото сите ги затвори под грев, па преку верата во Исус Христос да им се даде ветеното на оние кои веруваат.
23 Пред да дојде верата, ние бевме под стража на Законот, заклучени за верата која требаше да се открие.
24 И така, Законот беше за нас воспитувач да нѐ доведе до Христос, за да бидеме оправдани преку верата;
25 а откако дојде верата, ние веќе не сме под раководство на воспитувач.