4 Зарем залудо толку многу претрпевте? Да беше само залудо!
5 Оној, пак, Кој ви Го дарува Духот и прави меѓу вас чудеса, преку делата на Законот ли го прави тоа, или преку пораката на верата?
6 Така, Авраам Му поверува на Бога, и тоа му се сметаше за праведност.
7 Знајте, пак, дека оние што се потпираат на верата, се синови Авраамови.
8 И Писмото, предвидувајќи дека Бог преку вера ги оправдува незнабошците, однапред му благовести на Авраам: „Во тебе ќе бидат благословени сите народи.“
9 И така, оние што веруваат, се благословени заедно со верниот Авраам;
10 а сите оние, што се од делата на Законот, под клетва се. Зашто е напишано: „Проклет да е секој кој не исполнува постојано сѐ што е напишано во книгата на Законот!“