11 Се плашам за вас, да не сум се трудел меѓу вас попусто.
12 Ве молам, браќа, станете како мене, затоа што и јас станав како вас. Вие со ништо не сте ме навредиле:
13 знаете дека, кога за првпат ви проповедав, бев телесно немоќен,
14 и при сето тоа, вие не го презревте искушението на моето тело, ниту се погнасивте од него, туку ме примивте како ангел Божји, како Исус Христос.
15 Каде ви е сега радоста ваша? Сведочам за вас дека кога би било можно, и очите свои би ги извадиле и би ми ги дале.
16 И затоа ли станав ваш непријател, бидејќи ви ја зборував вистината?
17 Тие не ревнуваат за вас добро, туку сакаат да ве одвојат од мене, та вие за нив да ревнувате.