17 Тие не ревнуваат за вас добро, туку сакаат да ве одвојат од мене, та вие за нив да ревнувате.
18 Добро е секогаш да ревнувате во доброто, а не само кога сум меѓу вас.
19 Чеда мои, за кои сум пак во родилни маки, додека не се обликува во вас Исус Христос,
20 сега би сакал да бидам меѓу вас и да ви се обратам со поинаков тон, бидејќи сум во недоумица за вас.
21 Кажете ми, вие, што сакате да бидете под Законот: зарем не го слушате Законот?
22 Зашто е напишано дека Авраам имаше двајца синови, еден од слугинката, а друг од слободната.
23 Но оној што беше од слугинката, се роди по тело; а оној што беше од слободната – по ветување.