21 Кажете ми, вие, што сакате да бидете под Законот: зарем не го слушате Законот?
22 Зашто е напишано дека Авраам имаше двајца синови, еден од слугинката, а друг од слободната.
23 Но оној што беше од слугинката, се роди по тело; а оној што беше од слободната – по ветување.
24 А ова е речено сликовито: двете жени се двата завета: едниот од Синајската Гора, која раѓа за ропство; а тоа е Агара.
25 Бидејќи Агара значи Синајска Гора во Арабија, а соодветствува на сегашниот Ерусалим и робува со децата свои;
26 а горниот Ерусалим е слободен: тој е мајка на сите нас.
27 Зашто е напишано: „Развесели се неплодна, ти што не раѓаш; воскликни и извикај ти, која не си искусила породилни маки; бидејќи напуштената има многу повеќе деца од онаа која има маж.“