27 Зашто е напишано: „Развесели се неплодна, ти што не раѓаш; воскликни и извикај ти, која не си искусила породилни маки; бидејќи напуштената има многу повеќе деца од онаа која има маж.“
28 Вие, пак, браќа, сте како Исак, чеда на ветувањето.
29 Но, како што тогаш, оној што се роди по тело, го гонеше родениот по дух, така е и сега.
30 А што зборува Писмото? „Истерај ја робинката и синот нејзин, зашто синот на робинката нема да биде наследник заедно со синот на слободната!“
31 И така, браќа ние не сме деца на робинката, туку на слободната.