9 а сега, откако Го познавте Бога, или, подобро, откако Бог ве позна, како сега повторно се враќате кон слабите и бедни стихии, на кои сакате одново да им служите?
10 Внимавате на деновите, месеците, времињата, годините.
11 Се плашам за вас, да не сум се трудел меѓу вас попусто.
12 Ве молам, браќа, станете како мене, затоа што и јас станав како вас. Вие со ништо не сте ме навредиле:
13 знаете дека, кога за првпат ви проповедав, бев телесно немоќен,
14 и при сето тоа, вие не го презревте искушението на моето тело, ниту се погнасивте од него, туку ме примивте како ангел Божји, како Исус Христос.
15 Каде ви е сега радоста ваша? Сведочам за вас дека кога би било можно, и очите свои би ги извадиле и би ми ги дале.