12 О, да беа отсечени оние што ве бунеа!
13 Вие, браќа, повикани сте кон слобода; но слободата ваша да не ви служи како повод за угодување на телото, туку со љубов служете си еден на друг.
14 Зашто, целиот Закон се извршува во еден збор, односно: сакај го ближниот како самиот себе.
15 А ако, пак, меѓу себе се гризете и јадете, пазете да не се истребите еден со друг.
16 Ви велам: живејте по Духот, и нема да им угодувате на телесните страсти.
17 Зашто, телото сака противни работи на духот, а духот – противни на телото; тие се спротивни еден на друг, за да не го правите она што сакате.
18 Ако ве води Духот, вие не сте под Законот.