18 Ако ве води Духот, вие не сте под Законот.
19 Делата на телото се познати. Тие се: блудство, нечистота, бесрамност,
20 служење на идоли, маѓии, непријателство, кавги, ревнување, гнев, раздори, расцепи,
21 зависти, пијанство, пирови и други слични работи; однапред ви велам, како што ви реков и порано, дека оние што го прават тоа, нема да го наследат царството Божјо.
22 А плодот на Духот е: љубов, радост, мир, долготрпеливост, благост, добрина, верност,
23 кротост, воздржливост. Против такви нема закон.
24 Оние, пак, кои се Христови, го распнаа телото свое со страстите свои и похотите.