22 А плодот на Духот е: љубов, радост, мир, долготрпеливост, благост, добрина, верност,
23 кротост, воздржливост. Против такви нема закон.
24 Оние, пак, кои се Христови, го распнаа телото свое со страстите свои и похотите.
25 Ако живееме со Дух, по Духот сме должни и да постапуваме.
26 Да не бараме лажна слава, еден друг да не се предизвикуваме, еден на друг да не си завидуваме.