3 А му сведочам пак на секој човек што се обрезува дека тој е должен да го почитува целиот Закон.
4 Вие, што посакавте да се оправдувате со Законот, Го изгубивте Христос, отпаднавте од благодатта;
5 а ние се надеваме и очекуваме оправдание од верата преку Духот.
6 Зашто во Христос Исус ниту обрезанието има сила, ниту необрезанието, туку верата, која дејствува преку љубовта.
7 Вие трчавте добро: кој ви попречи да не се покорувате на вистината?
8 Тоа убедување не е од Оној Кој ве повика.
9 Малку квас го потквасува целото тесто.