9 Малку квас го потквасува целото тесто.
10 Јас сум уверен за вас во Господ дека вие нема да мислите инаку; а оној, кој ве збунува, – кој и да бил, – ќе претрпи осуда.
11 А јас, браќа, ако обрезанието уште го проповедам, тогаш за што ќе ме гонат? Тогаш би исчезнала соблазната од крстот.
12 О, да беа отсечени оние што ве бунеа!
13 Вие, браќа, повикани сте кон слобода; но слободата ваша да не ви служи како повод за угодување на телото, туку со љубов служете си еден на друг.
14 Зашто, целиот Закон се извршува во еден збор, односно: сакај го ближниот како самиот себе.
15 А ако, пак, меѓу себе се гризете и јадете, пазете да не се истребите еден со друг.