1 Браќа, и да падне човек во некаков грев, вие духовните поправајте го таков со духот на кротоста, пазејќи се и вие да не бидете искушани.
2 Поднесувајте го товарот еден на друг и исполнувајте го така законот Христов.
3 Зашто оној, кој сам себе се смета за нешто, а не е ништо, тој се мами самиот себе.
4 Секој нека си ги испита делата свои и тогаш ќе има пофалба пред себе самиот, а не пред друг.
5 Зашто секој ќе го понесе својот товар.