4 Секој нека си ги испита делата свои и тогаш ќе има пофалба пред себе самиот, а не пред друг.
5 Зашто секој ќе го понесе својот товар.
6 А оној што се учи на словото, нека му дава дел од секое добро на оној што го учи.
7 Не лажете се: Бог не е за подигрување. Што ќе си посее човекот, тоа и ќе си жнее.
8 Кој сее во телото свое, од телото ќе пожнее погибел; а кој сее во духот, од духот ќе пожнее вечен живот.
9 Кога правиме добро, тоа нека не ни биде здодевно, зашто во свое време ќе пожнееме, ако не се измориме.
10 И така, додека имаме време, да им правиме добро на сите, а најмногу на своите по вера.