7 Не лажете се: Бог не е за подигрување. Што ќе си посее човекот, тоа и ќе си жнее.
8 Кој сее во телото свое, од телото ќе пожнее погибел; а кој сее во духот, од духот ќе пожнее вечен живот.
9 Кога правиме добро, тоа нека не ни биде здодевно, зашто во свое време ќе пожнееме, ако не се измориме.
10 И така, додека имаме време, да им правиме добро на сите, а најмногу на своите по вера.
11 Гледајте со колку големи букви ви напишав со својата рака.
12 Оние што сакаат да се фалат по тело, тие ве принудуваат да се обрезувате само за да не бидат гонети поради крстот Христов.
13 Зашто, и оние што се обрезуваат, сами не го почитуваат Законот, а сакаат вие да се обрезувате за да се пофалат со вашето тело;