1 Јуда, слуга на Исус Христос, а брат на Јаков – до повиканите, возљубени во Бог Отецот и зачувани за Исус Христос.
2 Милост, мир и љубов да ви се множат!
3 Возљубени, грижејќи се постојано, да ви пишувам за нашето општо спасение, сметав дека е неопходно да ви напишам и да ве замолам – да се борите за вистинската вера, која им е дадена на светиите еднаш засекогаш,
4 зашто се вовлекоа некои луѓе, чија осуда е одамна определена, безбожници, што ја превртуваат благодатта Божја во нечистотија и се одрекуваат од Единиот Господар Бог и Господ наш Исус Христос.
5 Сакам да ви напомнам, иако ова веќе го знаете, дека Господ, откако го избави народот од египетската земја, ги погуби потоа оние што не веруваа;
6 ангелите, пак, што не се покоруваа на своето началство, и го напуштија живеалиштето, ги стави во вечни окови, во мрак за суд на големиот ден.
7 Како што Содом и Гомора и околните градови, што блудствуваа, а на ист начин како и тие, одеа по друго тело, станаа пример со тоа што беа накажани со вечен оган.