4 зашто се вовлекоа некои луѓе, чија осуда е одамна определена, безбожници, што ја превртуваат благодатта Божја во нечистотија и се одрекуваат од Единиот Господар Бог и Господ наш Исус Христос.
5 Сакам да ви напомнам, иако ова веќе го знаете, дека Господ, откако го избави народот од египетската земја, ги погуби потоа оние што не веруваа;
6 ангелите, пак, што не се покоруваа на своето началство, и го напуштија живеалиштето, ги стави во вечни окови, во мрак за суд на големиот ден.
7 Како што Содом и Гомора и околните градови, што блудствуваа, а на ист начин како и тие, одеа по друго тело, станаа пример со тоа што беа накажани со вечен оган.
8 Истото ќе се случи и со оние кои го осквернуваат телото, ја презираат власта и хулат на Славата.
9 А Архангел Михаил, кога се препираше со ѓаволот за Мојсеевото тело, не се осмели да изрече хулна пресуда, туку рече: „Господ да те спречи!“
10 А овие хулат на она што не го знаат, а во она што го знаат по природа како неразумно животно, во тоа се распаѓаат.