11 та некако да достигнам до воскресението од мртви.
12 Не велам дека веќе го достигнав или дека веќе дојдов до совршенство - туку настојувам да го достигнам, зашто и мене Христос ме достигна.
13 Браќа, јас уште не мислам дека го достигнав!
14 Но сепак правам едно: го заборавам она што е зад мене, а се стремам кон она што е пред мене; трчам кон целта: за наградата на горното призвание од Бога во Христа Исуса.
15 И така, кои сме совршени мислиме вака; ако вие мислите и нешто поинаку, Бог ќе ви го открие и тоа.
16 Но по она, до кое достигнавме, според истото правило и да бидеме едномислени!
17 Угледајте се на мене, браќа и гледајте на оние, кои одат онака, како што и вие имате пример во нас!