14 Но сепак правам едно: го заборавам она што е зад мене, а се стремам кон она што е пред мене; трчам кон целта: за наградата на горното призвание од Бога во Христа Исуса.
15 И така, кои сме совршени мислиме вака; ако вие мислите и нешто поинаку, Бог ќе ви го открие и тоа.
16 Но по она, до кое достигнавме, според истото правило и да бидеме едномислени!
17 Угледајте се на мене, браќа и гледајте на оние, кои одат онака, како што и вие имате пример во нас!
18 Зашто мнозина, за кои ви зборував многупати, а сега зборувам и со солзи одат како непријатели на крстот Христов.
19 Нивниот крај е погибел; нивниот бог е стомакот; нивната слава е во нивниот срам; тие мислат само на земното.
20 А нашето жителство е на небесата, од каде и Го очекуваме Спасителот, Господа Исуса Христа,