4 иако и јас можам да се доверам и на телото. Ако некој друг мисли дека може да се надева на телото, тоа јас, уште повеќе:
5 обрезан сум во осмиот ден, од Израелевиот род сум, од Венијаминовото племе, Евреин од Евреите; по закон - фарисеј;
6 по ревност - гонител на Црквата; по правдата на Законот бев беспрекорен.
7 Но тоа што ми беше некогаш придобивка, тоа го сметав за загуба поради Христа.
8 Во суштина, јас и сега сметам сè за загуба заради преважното познавање на Христа Исуса, Мојот Господ, заради Кого изгубив сè и сè сметам за отпад, за да Го придобијам Христа
9 и да се најдам во Него, немајќи своја правда, која доаѓа од Законот; туку по правдата, која доаѓа преку верата на Христа: правдата од Бога врз основа на верата,
10 за да Го познавам Него, и силата на Неговото воскресение, и учеството во Неговите страдања, станувајќи сличен на Него во Неговата смрт,