1 Затоа, браќа мои возљубени и сакани, радост моја и венец, стојте така цврсто во Господа, возљубени!
2 Ја молам Еводија и ја молам Синтихија да бидат едномислени во Господа.
3 Да, те молам и тебе, верен другар, помагај им, зашто заедно со мене се трудеа во проповедањето на Евангелието, и со Климент, и со другите мои соработници, чии имиња се во Книгата на животот.
4 Радувајте се секогаш во Господа! Пак велам: радувајте се!