12 Знам да живеам и во скудност, знам и во изобилство, научен сум на сè и во сешто: да бидам сит и да гладувам; да сум во изобилство и во скудност.
13 Сè можам преку Христа, Кој ми дава сила.
14 Туку добро направивте, што зедовте учество во моите неволји.
15 А знаете и вие, Филипјани, дека во почетокот на проповедањето на Евангелието, кога заминав од Македонија, ниедна црква не беше со мене во давање и примање, освен единствено вие.
16 Вие ми испративте во Солун, еднаш и двапати, за моја потреба.
17 Не како да барам подарок, туку го барам плодот што се умножува на ваша сметка.
18 Примив сè и имам сè во изобилство. Полн сум откако примив од Епафродит што ми испративте - благопријатен мирис, жртва пријатна благоугодна на Бога.