19 А мојот Бог ќе ја исполни славно секоја ваша потреба, според Своето богатство - во Христа Исуса.
20 А на нашиот Бог, и Татко, слава во сите векови Амин!
21 Поздравете го секој верник во Христа Исуса! Ве поздравуваат браќата, кои се со мене.
22 Ве поздравуваат сите свети, а особено оние од Ќесаревиот дом.
23 Благодатта на нашиот Господ Исус Христос да биде со вашиот дух Амин!