2 Ја молам Еводија и ја молам Синтихија да бидат едномислени во Господа.
3 Да, те молам и тебе, верен другар, помагај им, зашто заедно со мене се трудеа во проповедањето на Евангелието, и со Климент, и со другите мои соработници, чии имиња се во Книгата на животот.
4 Радувајте се секогаш во Господа! Пак велам: радувајте се!
5 Вашата кротост да им биде позната на сите луѓе! Господ е близу.
6 Не грижете се за ништо, туку во сè преку молитва и молба со благодарност искажувајте ги своите просби пред Бога!
7 И Божјиот мир, што го надвишува секој ум, ќе ги запази вашите срца и вашите мисли во Христа Исуса.
8 Впрочем, браќа, сè што е вистинско, што е чесно, што е праведно, што е чисто, што е љубезно, што е на добар глас - ако е некаква добродетел, ако е некаква пофалба - мислете на тоа!