10 така што да одите достојно за Господа и да Му бидете угодни во сè; за да бидете плодоносни во секое добро дело и за да растете во познавањето на Бога;
11 зајакнувајќи со секаква сила, сообразно со силата на Неговата слава, за секаква непоколебливост и трпение; со радост
12 да Му благодарите на Бога, Кој нè оспособи за учество во наследството на светите во светлината.
13 Тој нè избави од власта на темнината и нè пресели во Царството на Својот возљубен Син,
14 во Кого имаме откуп, преку Неговата крв; простување на гревовите.
15 Тој е образ на невидливиот Бог, Првороден на секое создание,
16 зашто во Него е создадено сè што е во небесата и на земјата; видливо и невидливо, било престоли, или господства, или началства, или власти; сè е создадено преку Него и за Него.