1 Имено, сакам да знаете колкава борба имам за вас, и за оние во Лаодикија, и за сите кои што не ме виделе лично,
2 за да се утешат нивните срца и соединети во љубовта да дојдат до сето богатство на полната уверност на разбирањето, до познавањето на тајната на Бога, и на Христа,
3 во Кого се сокриени сите богатства на мудроста и на знаењето.
4 А ова го велам за да не ве измами некој со убедувачки зборови.
5 Зашто, иако сум отсутен во телото, во духот сум со вас; и се радувам гледајќи ги вашиот ред и цврстината на вашата вера во Христа.
6 И така, како што Го примивте Христа Исуса, Господа, така и да одете во Него:
7 вкоренети и надѕидани во Него и зацврстени во верата, како што сте поучени, изобилувајќи во благодарноста.
8 Пазете да не ве зароби некој со философија и со суетна измама по човечко предание, според стихиите на светот, а не според Христа.
9 Зашто во Него живее сета полнота на Божеството,
10 и вие сте исполнети во Него, Кој е Глава на секое началство и власт.
11 Во Него сте и обрезани со неракотворно обрезание, со соблекување на гревовното тело, по обрезанието на Христа:
12 откако бевте погребани со Него во крштение, во кое и воскреснавте со Него преку верата во дејството на Бога, Кој Го воскресна од мртвите.
13 Вас, кои бевте мртви во престапите и необрезанието на вашето тело, ве оживе заедно со Него; простувајќи ни ги сите наши престапи;
14 на тој начин што го избриша дејството, кое со своите одредби беше против нас; го отстрани од среде нас, приковувајќи го на крст;
15 и ги разоружа началствата и властите и јавно ги изложи, победувајќи над нив во тоа.
16 И така, никој да не ве осудува за јадење, или за пиење, или за некаков празник, или за млада месечина, или за саботи.
17 Тоа е само сенка на она што ќе дојде, а стварноста е Христос.
18 Никој да не ве лишува од наградата, сакајќи да го постигне тоа со понизност и служба на ангелите, впуштајќи се во она, што не го видел, дуејќи се напразно со својот телесен ум,
19 а не се држи за Главата, од Која целото Тело, поврзано и помогнато со зглобовите и врските, расте со растење, кое го дава Бог.
20 И така, ако сте умреле со Христос, за стихиите на светот, зошто позволувате да ви се определуваат прописи, како да живеете во светов:
21 ”Не фаќај! Не вкусувај! Не допирај!”
22 сè што пропаѓа со употреба - според човечките заповеди и учења;
23 сè ова изгледа мудрост, што се состои во самоволна побожност и понизност и во непоштедна строгост кон телото, а не во нешто чесно, туку само заради задоволување на телото.