17 И Тој е пред сè и сè во Него има свое сплотување.
18 Тој е и Глава на Телото, на Црквата: Тој е почеток, Првороден од мртвите, за да биде Прв во сè,
19 зашто во Него благоволи да се всели сета полнота,
20 и преку Него да измири кон Себе сè што е на земјата или на небото, творејќи мир преку крвта на Неговиот крст.
21 И вас, кои бевте некогаш отуѓени и непријатели, во своето мислење и во лошите дела,
22 сега ве измири преку смртта на Неговото човечко тело, за да ве изведе пред Себе: свети, непорочни и без вина,
23 само ако останете во верата засновани и цврсти и непоколебливи во надежта на Евангелието, кое го чувте, кое е проповедано на целото создание под небото и на кое јас, Павле, му станав служител.