Колошаните 1:21-27 MKB

21 И вас, кои бевте некогаш отуѓени и непријатели, во своето мислење и во лошите дела,

22 сега ве измири преку смртта на Неговото човечко тело, за да ве изведе пред Себе: свети, непорочни и без вина,

23 само ако останете во верата засновани и цврсти и непоколебливи во надежта на Евангелието, кое го чувте, кое е проповедано на целото создание под небото и на кое јас, Павле, му станав служител.

24 Сега се радувам во своите страдања за вас - и во моето тело го дополнувам тоа што им недостига на Христовите маки, за Неговото Тело, Кое е Црквата,

25 на која јас и станав служител, според Божјото управителство, што ми е дадено за вас, за да го исполнам Божјото слово:

26 тајната, која беше сокриена за векови и поколенија, а која им е откриена сега на Неговите свети,

27 на кои Бог сакаше да им јави како е богата славата на оваа тајна меѓу народите: Христос во вас, надеж на славата.