3 Му благодариме на Бог, и Таткото на нашиот Господ Исус Христос, молејќи се секогаш за вас,
4 зашто чувме за вашата вера во Христа Исуса и за љубовта, која ја имате кон сите свети,
5 заради надежта која се чува за вас на небесата, за која чувте порано од вистинското слово на Евангелието,
6 кое дојде при вас, како и во целиот свет, и плодоносно расте како и при вас, од оној ден кога го чувте и ја запознавте Божјата благодат во вистината,
7 како што го научивте од Епафрас, наш возљубен сотрудник во службата, кој е верен Христов служител за вас,
8 кој и нè извести за вашата љубов во Духот.
9 Затоа и ние од оној ден кога го чувме тоа, не прекратуваме да се молиме за вас и да просиме да се исполните со познавање на Неговата волја во секоја мудрост и духовно разбирање,