6 И така, како што Го примивте Христа Исуса, Господа, така и да одете во Него:
7 вкоренети и надѕидани во Него и зацврстени во верата, како што сте поучени, изобилувајќи во благодарноста.
8 Пазете да не ве зароби некој со философија и со суетна измама по човечко предание, според стихиите на светот, а не според Христа.
9 Зашто во Него живее сета полнота на Божеството,
10 и вие сте исполнети во Него, Кој е Глава на секое началство и власт.
11 Во Него сте и обрезани со неракотворно обрезание, со соблекување на гревовното тело, по обрезанието на Христа:
12 откако бевте погребани со Него во крштение, во кое и воскреснавте со Него преку верата во дејството на Бога, Кој Го воскресна од мртвите.