14 А над сето тоа облечете се во љубов, која сврзува сè во совршенство!
15 И Христовиот мир да владее во вашите срца, за кого сте и повикани во едно тело; и бидете благодарни!
16 Христовото слово да живее изобилно во вас; во секоја мудрост учете се и опоменувајте се еден друг со псалми, химни, духовни песни, пеејќи Му на Господа со благодат во вашите срца.
17 И сè што правите со збор или дело, правете сè во името на Господа Исуса, благодарејќи Му на Бог Таткото преку Него.
18 Жени, покорувајте им се на своите мажи, како што прилега во Господа!
19 Мажи, љубете ги своите жени и не бидете груби кон нив.
20 Деца, слушајте ги вашите родители во сè, зашто тоа Му е угодно на Господа!