20 Деца, слушајте ги вашите родители во сè, зашто тоа Му е угодно на Господа!
21 Татковци, не ги дразнете своите деца, за да не станат малодушни!
22 Робови, слушајте ги во сè своите земни господари, не за очите како оние, кои им угодуваат на луѓето, туку во простотата на срцето, боејќи се од Господа!
23 Што и да правите, правете го од душата како за Господа, а не за луѓе,
24 знаејќи дека од Господа ќе ја примите наградата на наследството. Служете Му на Господа Христа!
25 Зашто, кој прави неправда, ќе ја прими обратно неправдата, и не се гледа кој е кој.