22 Робови, слушајте ги во сè своите земни господари, не за очите како оние, кои им угодуваат на луѓето, туку во простотата на срцето, боејќи се од Господа!
23 Што и да правите, правете го од душата како за Господа, а не за луѓе,
24 знаејќи дека од Господа ќе ја примите наградата на наследството. Служете Му на Господа Христа!
25 Зашто, кој прави неправда, ќе ја прими обратно неправдата, и не се гледа кој е кој.