5 И така, умртвете ги своите членови што се на земјата: блудството, нечистотата, страста, лошата желба и лакомството, што е идолопоклонство,
6 заради кои доаѓа Божјиот гнев на непослушните синови.
7 Меѓу кои и вие некогаш одевте, кога живеевте во нив.
8 Но сега, отфрлете го и вие сè ова: гневот, јароста, злобата, хулењето, срамните зборови од својата уста.
9 Не лажете се еден друг, зашто го соблековте стариот човек со неговите дела
10 и облековте нов, кој се обновува во полно познавање по образот на Оној, Кој го создал,
11 каде нема веќе Грк ни Јудеец, обрезание и необрезание, варварин, Скит, роб, слободен, туку Христос е сè и во сè.