9 Не лажете се еден друг, зашто го соблековте стариот човек со неговите дела
10 и облековте нов, кој се обновува во полно познавање по образот на Оној, Кој го создал,
11 каде нема веќе Грк ни Јудеец, обрезание и необрезание, варварин, Скит, роб, слободен, туку Христос е сè и во сè.
12 И така, облечете се како Божји избраници, свети и возљубени, во милосрдно срце, благост, смиреност, кротост трпеливост!
13 Трпете се еден со друг и проштавајте си еден на друг, ако некој има поплака против некого, како што и Господ ви прости вам, така проштавајте и вие!
14 А над сето тоа облечете се во љубов, која сврзува сè во совршенство!
15 И Христовиот мир да владее во вашите срца, за кого сте и повикани во едно тело; и бидете благодарни!