Авакум 3:14-19 MKB

14 Со неговите сопствени копја Ти ја пронижа главата на неговите воини, кои се пуштија како виор да ме разбијат, нивната радост беше потајно да го изедат бедниот.

15 Газиш во морето со Твоите коњи, преку пенењето на многу води.

16 Чув! Мојата утроба се затресе, ми треперат усните при тој звук, гнилеж навлегува во моите коски, на своето место се растреперив. Зашто јас ќе го чекам спокојно скрбниот ден, за народот кога ќе се подигне да нè нападне.

17 Макар и да не процвета смоквата, а и да нема плод по лозјата, макар и трудот на маслинката да не успее, и полињата да не донесат храна, макар и стадото да е истребено од трлото, и да нема говеда во оборите,

18 јас и тогаш ќе се веселам во Господа, ќе се радувам во Бога на моето спасение.

19 Господ Бог е моја сила, Тој ги направи нозете мои како на срните, и ќе ме направи да одам по височините мои. За пејачкиот предводник на моите жичани инструменти.