Авакум 3:2-8 MKB

2 Господи, ја чув Твојата вест, и сум уплашен. Господи, оживи го делото Свое среде годините, среде годините објави го. Во гневот спомни си за милост!

3 Бог доаѓа од Теман, и Светецот од планината Фаран. Неговото величество ги покрива небесата, и земјата е полна со фала кон Него.

4 Болскотот Му е како светлина, зраци светкаат од Неговите раце, таму е скривалиштето на Неговата сила,

5 Помор оди пред Него, треската Го следи по стапките.

6 Тој застана и земјата се тресе, Тој погледа, и ги стресе народите. Тогаш се растурија дамнешните планини, вечните ридови пропаднаа, одењата на вечноста се Негови.

7 Ги видов кушанските шатори во тага, шаторските завеси на Мидиската земја трепереа.

8 Пламна ли Господ против реките? Беше ли гневот Твој против реките? Или Твојата јарост против морето? Ти јаваш на Свои коњи, Твоите коли на спасението.