4 Болскотот Му е како светлина, зраци светкаат од Неговите раце, таму е скривалиштето на Неговата сила,
5 Помор оди пред Него, треската Го следи по стапките.
6 Тој застана и земјата се тресе, Тој погледа, и ги стресе народите. Тогаш се растурија дамнешните планини, вечните ридови пропаднаа, одењата на вечноста се Негови.
7 Ги видов кушанските шатори во тага, шаторските завеси на Мидиската земја трепереа.
8 Пламна ли Господ против реките? Беше ли гневот Твој против реките? Или Твојата јарост против морето? Ти јаваш на Свои коњи, Твоите коли на спасението.
9 Го откриваш Својот лак според клетвите направени на племињата преку Твоето слово. Со порои ја расечуваш земјата,
10 планините Те видоа и затреперија, воден порој премина, бездната го даде својот глас, ги подигна високо своите раце.