Авакум 3:8-14 MKB

8 Пламна ли Господ против реките? Беше ли гневот Твој против реките? Или Твојата јарост против морето? Ти јаваш на Свои коњи, Твоите коли на спасението.

9 Го откриваш Својот лак според клетвите направени на племињата преку Твоето слово. Со порои ја расечуваш земјата,

10 планините Те видоа и затреперија, воден порој премина, бездната го даде својот глас, ги подигна високо своите раце.

11 Сонцето и месечината застанаа во своите живеалишта, пред светлоста на Твоите стрели, пред сјајот на Твоето блескаво копје.

12 Разјарено чекориш по земјата, расрдено ги газиш народите.

13 Си излегол за спасението на Твојот народ, за спасението на Твојот помазаник; ја разбиваш главата на нечестивата куќа, и ги откриваш основите до вратот.

14 Со неговите сопствени копја Ти ја пронижа главата на неговите воини, кои се пуштија како виор да ме разбијат, нивната радост беше потајно да го изедат бедниот.