Јоил 2:5-11 MKB

5 Бучат како бојна кола, скокаат по горските врвови, потпукнуваат како огнен пламен кога ја изедува нивата со тврдо зрно, како силна војска во боен ред.

6 Пред нив треперат народите и секое лице пребледнува.

7 Скокаат како јунаци, се искачуваат на ѕидовите како војници. Секој оди право напред, не отстапува од својот пат.

8 Не се стискаат еден друг, туку секој оди по својата патека. Паѓаат од стрели, не прекинувајќи ги редовите.

9 Се спуштаат врз градот, скокаат на ѕидовите, се искачуваат на куќите и влегуваат низ окната како крадец.

10 Пред нив се тресе земјата, небото трепери, сонцето, месечината потемнуваат, на ѕвездите им гасне блесокот.

11 И Господ ќе испрати Свој глас пред Своето воинство. Зашто сосем многубројна е Неговата војска, силен извршител на Неговата заповед. Да, величествен е Господовиот ден и многу страшен. Кој ќе го истрпи?